Еве како Груевски ги лаже студентите, и тоа без око да му трепне двапати ветува државна квота за магистерски и докторски студии, и не исполнува

0
1163

Со оваа мерка ќе се стремиме да ги задржиме најквалитетните студенти од секоја генерација. Имено, Владата на Република Македонија ќе го утврдува бројот на квоти на студенти ослободени од плаќање на уписнина на докторски и магистерски студии и специјализации кои ќе се доделуваат на годишно ниво. Обврската за исплата на уписнината на студентите во рамките на државните квоти ќе биде на факултетите.  [Рок на реализација: октомври 2014 година

grujo-faca

Образложение:

„Државна квота за македонските магистранти и  докторанти“, е ветување содржано во Изборната програма на ВМРО – ДПМНЕ (2014-2018 година), а поектираниот рок за реализација е октомври 2014 година. Но, сепак, ваква  квота не беше предвидена на Конкурсот за запишување студенти на трет циклус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,  за 2015 – 2016 година, објавен во јули оваа година (2015).  [Пристапено на: 24.12.2015]

За овој проект, инаку, говореше и премиерот Никола Груевски на митингот во Гевгелија, одржан во април 2014 година. Груевски, тогаш, зборувајќи за мерките со кои се планира задржување на најквалитетните студенти во земјава,  изјави дека во партиската програма е предвидено воведување државна квота во втор и трет циклус на студии на универзитетите во Македонија.

Владата на Македонија ќе го утврди бројот на квоти на студенти ослободени од плаќање на уписнина на докторски на магистерски студии и специјализации кои ќе се доделуваат на годишно ниво [Пристапено на: 21.12.2015]

Проектот „Државна квота во втор и трет циклус на студии на универзитетите во Република Македонија“, бил предвиден и во претходната Изборна програма на ВМРО – ДПМНЕ, а рокот за реализација тогаш бил септември 2012 година. [Пристапено на: 24.12.2015]

Вистиномер.мк побара објаснување и од Министерството за образование, на што добивме одговор дека оваа мерка ќе биде спроведена со измените на Законот за високо образование.

Според тоа, може да се заклучи дека ветувањето не е исполнето

 

Линкови:

 

Оценето од: Стојанка Митреска

Извор: Вистиномер