Еве зошто РЕЖИМОТ и се нафрли на Катица: Пријателката на Мијалков, судијката Светлана Костова ја испитувале специјалните обвинители и сега таа се жали?

0
1278

Судијката на Вишиот Управен суд Светлана Костова е најверојатно судијката која поднела претставка до Советот на Јавни обвинители и се жалела на односот на Специјалните обвинители кои ја викнале на распит, пренесе порталот Сведок.

Советот на Јавни обвинители на денешната седница имаше точка „поплака од судија“, а претседателот Петар Аневски потврди дека станува збор за судија на Управен суд.

Според досега познатите информации, кривична пријава за договарање на провизија за купување на опрема од Израел е поднесена против судијката Костова. Таа е пријавена заедно со екс директорот на УБК Сашо Мијалков и со еден израелски државјанин.

„Сведок“ вчера објави дека се отвораат постапки и против судии, кои веќе и се повикуваат на распит. Меѓу нив била и управната судијка Костова.

Од Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје Специјалното обвинителство го доби предметот РО бр.90/15, по поднесена кривична пријава од СДСМ против  Сашо Мијалков тогаш директор на УБК за кривични дела: „Примање поткуп“ и „Злоупотреба на службената положба и овластување“,  против Светлана Костова, судијка на Вишиот Управен суд за „Примање поткуп“ и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и против израелскиот државјанин  Х.Х. за „Давање поткуп“.

Повеќе ОВДЕ