Еве ги предлозите на ДПМНЕ за дополнителен опозициски уредник во МТВ и за владините реклами

0
1041

vmro-predlog

Поделба на времето за преставување на партиите во информативниот дел на МРТ (вести) во согласност со бројот на освоени пратеници на последните парламентарни избори и 10 проценти од времето да се одвои за малите и за вонпарламентарните партии, како системско решение (германски, словенски модел), се дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за законот за медиуми.

Мета“ дојде до документите предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Во нацрт-предлозите, владејачката партија предлага 100 дена пред редовни парламентарни избори, опозицијата да постави дополнителен уредник во МРТ за контрола на спроведувањето на одредбите што се однесуваат на МРТ, предвидени со изборниот законик, за време на изборите. Ова не смее да ја загрози независноста на МРТ, ниту смее да го загрози принципот на поделба на времето (германски, словенски модел).

Целиот документ е тука.

Во нацрт-верзијата на Законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции во членот 28 стои:

„Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на функционерот кој раководи со јавната институција ако:

– Спроведе јавно финансирана информативна кампања без добиено одобрение, спротивно на член 8, став (3) од овој закон;

– Склучи договор со секој поединечен медиум на износ различен од утврдениот за поединечниот медиум во предлог-планот за закуп на медиуми, спротивно на член 25, став (2) од овој закон.

Целиот предлог-закон е тука.

Овој предлог-закон денеска остро беше критикуван од Здружените на новинари на Македонија. Според претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, Законот на ВМРО-ДПМНЕ за владините реклами предложен на работната група претставува брутален напад врз независноста на медиумите. Со законот се прави упад во мисијата, финансирањето и во уредувачката политика на медиумите.

– Ги повикуваме СДСМ, ДУИ, ДПА, ЕУ и САД категорично да го отфрлат ваквиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ и одлучно да се заложат за идеите на посредникот Питер Ванхауте како системско решение што создава услов за слободни медиуми – изјави Селмани.