ЕУ му твитна на Груевски: Кој потпишал, мора да ги поддржи и Јанева и Ванхауте

0
783

Мисијата на Европската унија во Скопје денеска преку својот официјален твитер-прифил ги повика политичките партии да ги почитуваат Договорот од Пржино и работата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

„Сите потписници на Договорот од Пржино треба да ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство и на четиристраните работни групи“, напишаа од Делегацијата на ЕУ на „Твитер“.

Screenshot_3Објавата на „Твитер“ доаѓа по вчерашниот говор на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кој рече дека ќе помине долго време „пред на некој политичар да му падне на ум да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, Чауши, Ванхојтовци, Катици и со продавачи на магла на типови чија главна цел е да ги изрекетираат бизнисмените во нивниот град“.

Извор : Мета