ЕКСКЛУЗИВНО, РЕЖИМОТ СЕ РУШИ ДРАМАТИЧНО: Вечерва имало жестока кавга на состанокот на раководството на ВМРО ДПМНЕ за тоа кој да го наследи Груевски!

0
1281

Вечерва било драматично и жестоко во новото седиште на ВМРО ДПМНЕ. Се состанало раководството на партијата со намера да се договори кој ќе биде наследник на Груевски во премиерската фотеља. Човек присутен на состанокот ни раскажа дека Груевски го предложил Никола Тодоров и предложил тој да биде подржан. Но се случило нешто шокантно, срипале сите вклучително и Сашо Мијалков и почнале да урлаат дека Тодоров има низок рејтинг во јавноста и со него ДПМНЕ ќе доживее уште поголем пораз на изборите во април.

Меѓу оние кои негодуваат биле сите позначајни луѓе во партијата, значи Јанкуловска, Ставревски, Милошоски, Ѓорчев… Само Мартин Протуѓер молчел. Интересно е што ова негодување за Нино се случувало пред очите на самиот Никола Тодоров кој бил забезекнат колку ниско мислење за него имаат неговите сопартијци! Нивните аргументи биле дека Тодоров има негативен рејтинг поради аферите со милионот на Ивона и смртта на малата Тамара и другите скандали и афери во македонското здравство и биле уплашени дека тој ќе ги дозакопа и дополнително ќе ја влоши и онака исклучително тешката ситуација.

Кога видел Грујо дека ништо од идејата Тодоров да го наследи, го предложил Никола Поповски. Но се случил втор голем шок. Никола Поповски земал збор и замолил да биде изземен од таа обврска и најавил повлекување од политиката наводно од здравствени причини?! Настанала мртва тишина и вистински шок во просторијата. На сите им станало јасно дека го имаат првиот еклатантен пример на човек кој сака да бега од бродот кој тоне, иако реално прв таков човек беше Иво Ивановски кој збриша во Софија на директорска позиција во телекомуникациската фирма на мексиканскиот милијардер Карлос Слим.

По ова, Грујо се обратил до присутните со прашање, па дај предложете вие кој да ме замени?

На ова, одговор дал Зоран Ставревски кој го предложил Антонио Милошоски. Овој предлог наишол на одобрување кај дел од присутните вклучително и кај Илија Димовски и Сашо Мијалков но се побуниле Никола Тодоров и Гордана Јанкуловска. Тие предложиле да се повика назад Иво Ивановски од Софија и тој како американски кадар на партијата и човек со голем углед во земјата и странство да биде назначен за наследник на Груевски.

На ова со негодување се јавил Антонио Милошоски кој почнал да се буни зошто тој да не го замени Груевски, барал да му се каже каде бил проблемот со неговото назначување.

На крај се договориле да го прекинат состанокот и да се состанат повторно оваа недела и да се обидат до 10-ти, тоа е следната недела да најдат кандидат кој ќе биде технички премиер до изборите.