ЕКСКЛУЗИВНО: Нов дипломатски скандал – Амбасадорката во Виена единствена која нема поднесено анкетен лист за имотна состојба, додека нејзиниот сопруг екс амбасадор во Брисел единствен кој не поднел извештај за својата работа во собрание!

0
3137

Добивме интересен мејл од новинар кој долги години работи во надворешна рубрика во медиум кој сега е во рацете на режимот и не може да објавува критички информации за власта:

Ај бидејки се вракаш со Мактел,  да ти дадам една информација ако ти се види интересна. Жената на Мартин Треневски што е амбасадор во Виена е единствена како амбасадор што не дала анкетен лист за имотна состојба,. Таа е керка на оној ректорот или декан од Прилеп што му дал диплома на Грујо. Тоа може да се види лесно на антикорупциска ако и го напишеш името. Он пак е единствен од амбасадорите што се вратија што не даде отчет за работата во Собранието.

Инаку амбасадорката Василка Поповска треневска беше дел од скандал пред неколку дена кога Плусинфо објави нејзино писмо во кое се жали дека амбасадорот на Македонија во ОБСЕ и се меша во работата во Виена. Нејзиниот сопруг, екс амбасадорот во Брисел во мисијата на НАТО, Виктор Треневски се прослави со својата изјава дека оди во НАТО за да го реформира НАТО. Пред тоа тој долги години беше претседател на матица на иселеници.