ЕКСКЛУЗИВНО: Во возило на агенцијата за обезбедување СГС полицијата открила поголема количина на дрога?

0
1692

Мактел дојде до шпекулации дека во возило на агенцијата за обезбедување СГС полицијата пронашла поголема количина дрога.

Според непотврдените шпекулации полицијата при контролниот преглед на возилото, кое било означено со симболите на агенцијата СГС, пронашла поголема количина на марихуана и други видови на дроги.

Засега овие информации остануваа во доменот на шпекулациите и истите треба да се прифатат со резерва се до евентуално нивно официјално потврдување од страна на надлежните институции.

Агенцијата за обезбедување важи за блиска до владејачката партија, поточно дека позади неа стои првиот братучед на Грујо, Бате Саше, и поради тоа истата се јавува како официјално обезбедување на голем број на државни институции и јавни претпријатија.

Агенцијата се споменува и во една од „бомбите“:

Повеќе детали за самата агенција и за нејзиниот пробив може да прочитате во истражувачката сторија на „Фокус“: Која е СГС, фирмата што ги обезбедува клучните објекти во земјава?