ЕБАТИ ЛУДИЛОТО, И АМБАСАДОРОТ НА САД БЕЈЛИ КИНИСАЛ ПО ПАМЕТОТ НА ГРУЈО, АХМЕТИ И ХАН ! Бејли: Ги повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите

0
1113

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, во писмена изјава во врска со политичката ситуација во Македонија, вели дека Договорот од Пржино мора да се спроведе и ги повика сите партии и организации да учествуваат во изборите.

– Спроведувањето на Договорот од Пржино е од суштинско значење за продлабочување на евроатлантската интеграција на Македонија, нешто што САД силно го поддржуваат. Оставката на премиерот е важна пресвртница во тој процес. Исто такви се и веродостојните избори. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме подготовките за изборите, особено работата на Државната изборна комисија, како и реформите во медиумската средина и другите реформи. Времето е кратко. Ги повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите, тоа е најдобар начин да се подобрат институциите и да се обезбеди веродостоен процес. САД ќе го следат напредокот на овој процес и ќе направиме процени, исто како и ЕУ, ОБСЕ и други органи – вели Бејли.

Извор: Мета