Д-р Сејфула Османи: Не се сочинува записник при предавање докази во Обвинителство

0
1083

Дали Специјалното Јавно обвинителство требало да изготви записник за тоа што било доставено од страна на СДСМ, како доказ или т.н. бомби, или доволно е архивското бројче што го добиле од обвинителството за предавање на материјалите?

На оваа тема, многу правници изнесоа свои ставови а многумина одмолчија иако со години работат во Обвинителството и би требало да посочат како се работело практично, пишува порталот „Сведок“.

Порталот го пренесува мислењето на д-р Сејфула Османи, адвокат и универзитетски професор.

– Не се сочинува записник при предавање докази во обвинителството, вели Османи во коментарот за „Сведок“.

„Согласно Законот за кривична постапка (ЗКП) и другите позитивни норми кои важат во Република Македонија, доказите и другите списи се доставуваат до Обвинителство со кривичната пријава или со посебен поднесок во кои службените акти во нивен прилог се доставуваат како докази и се набројуваат, а Обвинителството става приемен штембил.

Слушаме по медиумите дека Специјалното Обвинителството се повикува на одговорност поради околноста дека нема сочинето записник за прифаќање на доказите од опозицијата?!

Сигурно тие докази се предадени со поднесок, во тој случај по која процедура треба да се сочини и записник?  Можеби Советот за Обвинители има сознанија за измени на Законите за кои ние обичните правници не сме запознати. Или пак, се работи за основно непознавање на постапката.

Целиот текст ОВДЕ