Детето од Хиподром оперирано и во стабилна состојба

0
900

Оперирано е детето кое вчера неговата мајка го фрли од четвртиот кат од зграда во Хиподром. Како што информираат од Клиничкиот центар тоа се наоѓа во стабилна состојба, а мајката која подоцна се фрли сè уште е во тешка состојба и е на интензивно лекување на КАРИЛ.

По падот шетгодишното дете се здоби со скршеници на главата по што се појавило крварење.

Вчера после семејна расправија околу 9.05 часот 35-годишната мајка од скопската населба Хиподром почнала да се заканува дека ќе се фрли од тераса од 4-тиот кат и дека ќе го фрли и своето дете, информираат од МВР.

Таа својот шетгодишен син го фрлила во 9.30 часот. Падот на детето бил ублажен од жиците за сушење алишта од подолните катови. Според полицијата во 10.20 се фрлила и жената.

извор: Телма