Демократскиот сојуз предлага да се укине радиодифузната такса

0
866

Демократскиот сојуз денеска предложи да се укине радиодифузната такса.

ДС смета дека во разговорите за реформа на медиумската сфера, треба да се разработи концепт за целосна трансформација на Македонската радио телевизија, при што со користење светски искуства, државните радио и телевизија да прераснат во модерни информативни медиуми, и да се обезбеди стабилно финансирање, главно преку Буџетот.

– Во услови на голем број медиуми (радио и ТВ станици), граѓаните не треба да плаќаат радиодифузна такса, соопшти ДС и најави дека наскоро ќе предложат промени во Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги.