Две лица убиени и едно тешко повредено во пукање во скопско Грчец

0
921

Две лица се убиени, а едно со тешки телесни повреди е пренесено во градската болница „Наум Охридски“ во Скопје, откако синоќа околу 23 часот на влезот во село Грчец било пукано во возилото во кое се наоѓале.

Како што информира МВР, од огнено оружје е пукано во „мерецедес“ со скопски регистарски таблици, во кое биле трите лица.

Извршен е увид на местото на инцидентот од страна на екипа СВР Скопје, а е известен и надлежен јавен обвинител. Подигнат е и доказен материјал од местото и даден на вешатачење.

Од МВР најавија дека подоцна ќе излезат со повеќе информации за настанот.