Даниела Трајковска : Демант за напишан текст против пензионерите

0
1840

Демантирам дека сум напишала текст на мојот фејсбук профил дека не станувам на пензионери во автобус или ги мразам. Тоа го направило некое лице кое превземало мои фотографии искоритило мое име и презиме за лажен профил и објавило таков навредлив текст. Воедно јас не сум во лоша здравствена состојба и не сум Магистер туку студент на втор циклус на студии. Секогаш сум била хумана и сум помагала. Мојот став не се совпаѓа со ставот изразен во споменатиот текст. Во повеќе наврати го замолив порталот Доказ.мк да ги повлече овие информации но добив само блок. Мој совет е да се биде хуман зошто многу добро знам како е да изгубиш дедо и баба.