ДРАМА ВО МАНУ: Професорот Гордан Калајџиев и се пушти на претседателката на врховен суд Неделковска

0
1971

manu debata sudstvo 1

Тензична дебата во МАНУ денеска во дебатата на тема независноста на македонското судство. Први излагања имаа претседателот на МАНУ, академик Камбовски и амбасадорите на Германија и Франција. За нивните излагања повеќе на следниов линк ОВДЕ.

Најинтересно беше при излагањето на претседателката на врховен суд, Лидија Неделковска, во моментот кога таа призна дека не требало да се дозволи судството да падне толку ниско за да се случи извештајот на Прибе во кој македонското судство е посрамено, професорот Калајџиев довикна – “А кој ќе сноси одговорност за тоа?” алудирајќи на нејзина оставка. Но Неделковска продолжи со излагањето како да не го слушнала дофрлувањето.

Во своето излагање таа повтори дека не се сите судии лоши, дека оние кои се оцрнети во јавноста треба да сносат морална одговорност, дека судскиот совет станал премоќна институција со предолг мандат, потоа таа го обвини правен факултет дека не соработувал доволно со врховен суд и покрај потпишаниот меморандум за соработка.

Таа кажа дека судиите никогаш нема да кажат од кого трпат притисок, на што професорот Калајџиев повторно дофрли – “Па зошто не направите анонимна анкета” на што таа за прв пат реагираше и кажа дека е во план да се направи таква анкета.

manu debata sudstvo 2

По Неделковска, ислагање имаше професорката Бужаровска која индиректно ја нападна Неделковска дека е глупаво да се осудуваат медиумите затоа што проговориле за нешто што на сите ни е јасно а тоа е дека нашето судство не е независно и не суди како што треба.

Потоа збор имаше претседателката на Сојуз на стопански комори која беше многу радикална во ставовите и порача дека никакви реформи нема да можат да го спасат македонското судство, тоа е криво насадено и треба да се пресече и да се насади ново дрво, што наиде на големо изненадување кај присутните на дебатата.

manu debata sudstvo 3

Потоа имаше и други излагачи меѓу кои и професорката Ана Данева која изнесе неколку нелогични примери во поставеноста на македонскиот урпавен суд. Излагање имаше и народниот правобранител кој целосно ја негираше претседателката на врховен суд со низа на примери на жалби на граѓани поради лошо судење и судење во неразумен рок.

Последен за ислагање беше професор Калајџиев кој резигнирано се истури врз Неделковска и повика таа да си поднесе оставка како морална одговорност за лошата ситуација во македонското судство потврдено со извештајот на Прибе и редица други негативни извештаи на други реномирани меѓународни и домашни инситуции.

Тој истакна дека е очигледно дека во македонското судство се залутани многу нечесни и поткупливи луѓе кои му служат на режимот на власт. Тој резигнирано кажа дека дел од вината ја сноси и правниот факутлет затоа што создал такви кадри кои се подложни на поткуп и притисок и го оштетуваат народот кој заслужува да има независно и квалитетно судство.

manu debata sudstvo 4

Имаше еден многу интересен момент. Очигледно присуството на Саше Политико на дебатата ја вознемирило Лидија Неделковска која изгледа си ја има мувата на капата, па еден од вработените во МАНУ по се изгледа по инструкции на Неделковска му пријде на Саше Политико при крај на дебатата со цел да го предупреди да не поставувал некои од неговите прашања и да не правел инциденти, затоа што МАНУ била сериозна институција?! Потоа вработениот кој се престави како Марио Шаревски, инаку по негово признание голем фан на Мактел и редовен читател, почна да се интересира дали Саше има во план нешто да праша и кои се прашањата кои има намера да ги постави??!?!?!

Целата беља е што мобилниот на Саше снема батерија на сред дебата која траеше неколку часа па Неделковска овој пат куртули. Таа пак не знаеше за ова и за да се спаси од незгодни прашања од Саше Политико, избега на сред отворената расправа која почна на крај на излагањата на говорниците, иако потоа пак се сретнаа долу на скалите пред МАНУ, ама без својот мобилен, Саше само ја одмина Неделковска, но таа ќе ги добие прашањата кои и следуваат, нема да избега така лесно…

Жално е што вработени во МАНУ испрашуваат новинари кои им се прашањата и се обидуваат да ги замлчат и да им сметаат во работата, тоа е навистина трагично!