ДАЛИ ВАНКОВСКА СЕ КРИЕ ПОЗАДИ ФЕЈСБУК ПРОФИЛОТ НА ИВОР МИЦКОВСКИ?

0
1156

КУРИР не пропушта прилика да ги цитира сите што упатуваат критики кон актуелното раководство на СДСМ… Истото се случува и со Ivor Mickovski, па кај курирците е објавена статија со наслов: „Шлаканица за СДСМ и од Ивор Мицковски“

Не навлегувам во манирите и мотивите на Курир, нивното е одамна ‘видено’, но би сакал Ивор да објасни ШТО Е ТОА ШТО ЗЗ И РШ (претпоставувам дека мисли на Зоран Заев и Радмила Шекеринска, ама изгледа дека се обидува да ги имитира оние што за Бранко Црвенковски велеа БЦ) ГО ВЕТИЛЕ, АМА НЕ ГО ИСПОРАЧАЛЕ???

Цитат од цитатот: „Сте помислиле ли зошто меѓународната заедница не гледа партнер во ЗЗ и РШ иако играше и преотворено на страна на опозицијата? Зошто опозицијата не испорача, или не испорачува ништо од тоа што ветуваше…“

Патем, да потсетам, истиот Ивор Мицковски неодамна јавно ѝ се обрати на Радмила Шекеринска со зборовите: „Немате кредибилитет да зборувате за реформирање на Јавниот сервис“

Дали можеби Ванковска се крие позади профилот на Ивор Мицковски? Или можеби обратно?

Ацо Лукароски, фб статус