Со новите кредити Грујо ќе си го поднови седиштето на Третиот Рајх со нова маса во стилот на Луј 15-ти и столови од 30-тите за премиерскиот кабинет

0
1026

Маса во стилот на Луј 15, столови како од 30-тите години, перници исполнети со мемори-пена и пердуви со извонреден квалитет, фотелји тапацирани во „натурал“ кожа со боја на „кралско“ вино, рачно ткаени килими од 100 отсто волна… Со ваков мебел ќе се опреми дел од старо-новата владина зграда. Владината Служба за општи и заеднички работи од вчера е во потрага по мебел за одмор, мебел за тераса, канцелариски мебел и килими. Надлежните процениле дека за ова ќе потрошат околу 52.000 евра,пишува Утрински весник.

Според весникот најпрефинето ќе се опреми делот наменет за одмор. Планирано е таму да се смести една маса во француски стил од времето на Луј 15 со 12 стола со форма во стилот на 30-тите и со ногалки од масивно буково дрво, како и две фотелји во модерен стил, со дрвена конструкција, а тапацирани во „натурал“ кожа со боја на „кралско“ вино. За оваа соба ќе се купи и модерна таканаречена клуб- маса со ногалки од јасен, како и аголна гарнитура составена од шест парчиња, меѓу кои и една лежалка со десен наслон.

Според информациите на Либертас уредувањето на премиерскиот кабинет го прави позната македонска фирма за внатрешно уредување а се било според желбите и вкусот на Груевски. Илјадници евра биле потрошени на обложување само на зидовите на кабинетот за да делувале како огледало.

Досега за реконструкција на зградата се потрошени 11 милиони евра, сума која е јавно прикажана од објавените зделки. Речиси 10 милиони евра се потрошени само за фасадата, еден милион за терасата, 700.000 евра за оградата… Остана непознато колку пари ја чинеа Владата седумте скулптури поставени над влезот и комплетното уредување со мебел и друга опрема.