Грујо се прави удрен со тоа слушалките од ајфонот, не одговара зошто Македонија плаќа три пати поскап гасовод

0
940

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски одбива да одговори зошто Македонија гради три пати поскап гасовод во Клечовце, од сумата што била утврдена во студијата нарачана од владата. Упатува сите одговори да се бараат од Владата, иако, Груевски беше премиер кога гасоводната делница од Клечовце до Неготино, почна да се гради, пренесуваАлсат-М.

„За ова прашање ќе Ве упатам да се обратете до Владата и до Министерството за транспорт и врски,“ изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

За изградба на гасоводот од Клечовце до Неготино сега плаќаме 76 милиони долари, иако во физибилити студијата нарачана од Владата утврдено е дека треба да чини 21 милиони евра.

Од Министерството за транспорт потврдуваат дека нарачале и добиле студија, но детали не откриваат правдајќи се дека документација ја отстапиле на МЕР – (Македонски енергетски ресурси), институција што е надлежна за изградба на делницата.

„Ова се канцелариите на МЕР, институцијата каде според Министерството за транспорт е доставена студијата за гасификацијата. Но, тука имаат сосема поинаква прказна. Писмено ни  одговорија дека – не ја поседуваат студијата. Кга побаравме да објастан како е можно министерството да тврди дека им ја доставило, а тие да велат дека не ја поседуваат, директорот Кресде Миладинов, остана недостапен за коментар цела недела. Ниту одговараше на телефонските повици, нити пак писмено излезе со објаснување.“

Ова е студијата со идеен проект нарачана од Владата. На неа равботел Конзорциум од четири компании – и тоа Простор од Куманово, Енерго Систем од Скопје, Газтек од Бугарија и Петрол од Словенија. За изработка на студијата Министерството за транспорт платило 1,5 милиони евра.

Изработена е на неколку стотици страници, а во делницата за Клечовце е е наведено дека треба да чини 21 милиони евра.