Граѓаните задоволни и се придржуваат кон проектот на општина Центар „Зона 30“

0
1183

„И денеска, во Дебар Маало, сообраќајната полиција го контролираше почитувањето на проектот „Зона 30“.

Граѓаните се задоволни од овој проект и го почитуваат, бидејќи и самите велат дека тоа е за нивна безбедност, за безбедност на другите учесници во сообраќајот и на пешаците. Оваа акција, која се спроведува веќе 15 дена, е во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Општина Центар го реализира овој проект бидејќи Дебар Маало е едно од најфреквентните места, тука има училиште, градинка, факултет и библиотека.

На влезните улици во Дебар Маало поставени се сообраќајни знаци и видливи ознаки дека во овој дел на Центар движењето е ограничено на 30 км/ч.

Општина Центар ќе ја прошири оваа ‘зона’ и во другите населени места и улици каде што е загрозена безбедноста на граѓаните“, се вели во соопштението на Општина Центар.