Градежник го загуби животот вчера во Скопје откако при вршење работни задачи му паднала метална цевка на глава од скеле.
МВР денеска соопшти дека вчера околу 15:40 часот во Скопје на ул. „Македонија“, во објект во изградба на ЕЛЕМ, при вршење работни задачи, на Т.П.(51) од Скопје му паднала метална цевка на глава од скеле, при што тој починал на лице место.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот изршила екипа од СВР-Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.