Гошев: Фискален совет не може да и помогне на апашка економија

0
1025

„Домашен“ фискален совет не би функционирал. Тие што би го избрале не би избрале личности со интегритет и не би им дале  овластувања со кои би си го суспендирале своето политичко влијание и моќ, вели поранешниот гувернер Петар Гошев во анализата во „Слободен печат“.

„Така е до сега, зошто би правеле нешто друго? Затоа идејата на Костов е фискален совет доминиран од странски резиденти – експерти. Преку вториов случај би можело да се составуваат буџети кои ќе водат сметка за ненарушување на финансиската стабилност преку каналот на јавните финансии, под претпоставка таквиот совет да го има крајниот збор за обемот на расходите и приходите, што значи и за големината на буџетските дефицити, односно домашното и странско задолжување, a не Парламентот на РМ.

Но, вториов случај (фискален совет доминиран од странци) не значи само суспендирање на дел од најважните функции на  Парламентот, туку и пренесување на дел од посредуваниот граѓански суверенитет на странски државјани – де јуре и де факто,  што и самиот Костов го нагласува. Имено, идејата поаѓа од фактот дека домашните политички гарнитури не можат сами да решат ниту едно битно прашање за функционирање на државата, па така зошто и за ова прашање, едно од клучните за финансиската  стабилност, да не одлучуваат странците?

Текстот во целост прочитајте го тука