Господине Екс Премиере -Груевски сега дури и оние најјаките твои подржувачи ќе бегаат од тебе

0
1274

Добро утро Македонијо…….нашава чудесна Македонија, се ми се чини е полна со бисери..не оние за околу вратот на дамите, туку оние бисери за по кафани, за муабети на постојки, за смеење……неможи една земја да биде прифатена како сериозна земја/држава.

Ако во неа владеат, индивидуалци, кој што немаат најосновна политичка/дипломатса култура…точно, нема никој да ја свати за сериозна…та ете, за да не бидеме последни во се, сега можеби сме први во детските ијзави на владини функционери…изјави, преку кој што го нарекуваат, еден претставник на Европа, на една Институција, за која што нашиот Фирер, до вчера ни кажуваше дека сме на самиот праг за членство, а сега негов, сигурно со негов благослов, претставник, го нарекува ‘‘ТУРИСТ‘‘, значи, за него и неговата влада, не важат Европските Институции, не важат Европските Вредности, кои што до вчера ги туркаше преку неговите мегафони, Латас, Миленко, Јади Бурек, Пандев, Керакамишевската љубов, итн….а со тоа, сите нас, кои што не ги делиме неговите мегаломански размислувања, не офарба со истата  четка…..

Е извини Господаре, прдешката ти засмрде, сите те прочитаа, и видоа, колку ниска ти била цената, и сега истите тие ќе те пикнат во волов рог…ќе се криеш, ќе бараш азил, во некоја Афричка земја, каде што сеуште Лисицата ја носи Поштата, само за да си ја заштитиш сопствената кожа…немој да заборавиш, температурата веќе ја почуствуваа твоите послушници, и веќе бараат оладување..голем број ќе го бараат преку СЈО, да, преку онаа истата што ти ја подржа, за која што потпиша, Катица Јанева, но кога виде дека таа не работи онака како што ти сакаш, почна да фрлаш со дрва и камења по неа и нејзината институција,…..да Господине Екс Премиере, Груевски, сега дури и оние најјаките твои подржувачи, како Тане, како Ласте, како Латас, Јанко и други, ги нема, дебелиот Неделковски ќе бара засолништво меѓу козите во некоја шума, пошто сега само козите ќе му веруваат, а Јанко јади бурек, е па тој вероватно ке му прави Бурек и ќе му носи исто таму ва таа некоја си шума…….

Форум на слободоумни патриоти при ВМРО ДПМНЕ, се бори за СПАС на Партијата, која што ти ја запусти, но не ја имаш сеуште допустено, пошто постојат чесни членови, кој што ти до ден денешен ги изигра, ги изманипулира, ги излажа, ги употреби за своја лична интерест, но сега тие, заедно со Форумот, ќе те исфрлат, како што ти велиш, на клоци, и ќе си ја земеме партијата во свои раце, онаму кај што и беше и местото, меѓу народот а не меѓу селективна банда на криминалци….да Господине Екс Премиере,, сега ќе ти додадеме уште една титула до твоето име, Екс Претседател на ВМРО ДПМНЕ, ќе бидеш човекот со најмногу ‘Ексови‘ до твоето име…..ајде оди ми со здравје, резервацијата во Шутка, па потоа во Идризово е направена и те чекаат голем број луѓе кои сакаат формално да те ‘пречекаат‘…..

Форум на Слободоумни Патриоти, при ВМРО ДПМНЕ, е дел од ВМРО ДПМНЕ и се бори за СПАС на партијата, придружете ни се, бидете победници, бидете на победничката страна, бидете на правата страна, бидете на Македонската страна, бидете на Народната страна….АМИН

 

Роберт Спасеноски – член на Форумот на Слободоумни Патриоти