Горан Михајловски: Субвенции за Катица

0
1109

Што убаво име му дало Специјалното обвинителство на неговата прва акција. Титаник. Настанот буди морничави слики, ама изборот на името е хуморен. Нема спас. Бродот само што удри во санта мраз, водата почна да навлегува, патниците се во паника, а капетаните испратија повик за помош. На Титаник некој се спасил, ама некој и потонал.

Ете, баш минатата недела Кејт Винслет, што ја играше главната улога во филмот заедно со Леонардо ди Каприо, изјави дека според сценариото нејзе и се чинело оти покрај неа и Леонардо можел да се спаси. Ама, го пуштила да се удави.

По првите покренати истраги на Специјалното обвинителство сè уште не е отстранета опасноста на крајот капетаните да се спасат, а да се удават патниците. Оние човечињата што се држеа за рака и послушно си гласаа.

Дури сега ќе фрчат кривични пријави за Катица Јанева и за нејзиниот тим. Како што тргнале, не е чудно наскоро на Интернет страницата на обвинителството на Зврлески да може да се отвори апликација со формулар за пополнување кривични пријави. И сето тоа да биде поддржано со нов проект на Владата: „Осмели се. Пријави ја и ти Катица. Оти, ти си Македонија.“ За успешна реализација на проектот Владата ќе дава субвенции за секој пополнет формулар. И на почетокот на секој месец, како и за сите субвенции, министерот Зоран Ставрески ќе се фали дека и субвенциите за кривичните против Катица Министерството за финансии ги исплатило навреме, благодарение на успешните политики на Владата на Република Македонија.

(Целата колумна на Горан Михајловски можете да ја прочитате ОВДЕ)