Геро со невидена хистерија и дефетизам им помага на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и со невиден песимизам ја убива критичката мисла за режимот

0
1376

Главниот и одговорен уредник на ,,Слободен Печат” и ,,Плусинфо” Бранко Героски овие денови на својот фејсбук профил објави еден хистеричен обид во форма на текст кој повторно имаше намера да ја наведе опозицијата да сподели одговорност за клучните прашања во државата, иако на власт 10 години е еден хоштаплер и деспот кој врши порачани прогони, лустрации, закани директни и индиректни ама одговорност да споделат сите заедно и да пропаднат во гомната со Груевски.

Замислете Геро оди до таму со паметот што сега бара од СДСМ и опозицијата да споделат одговорност па дури предлага и некаква коалиција ама без Груевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ ?! Се чита ли Геро што таласа?!

Но тоа е што е, ајде да видиме дел од неколкуте “превентивните” ставови на Геро за “спас” на опозицијата и на опозииската СДСМ.

Откако во јавноста почна да се шушка дека Груевски и владата ќе го имаат тоа ексклузивно право како актуелна власт предизборно да го затворат прашањето со името и тој надворешен проблем од никаде се појавува Геро со своите “превентивни” апели и почнува да таласа за тоа СДСМ да го решел спорот со името откако ќе дојде на власт заедно со ВМРО-ДПМНЕ ?!

Потоа Геро ја спинува во јавноста пораката на Хари Костов и не го открива ударот кој го упатува шефот на најголемата македонска банка и екс премиер Хари Костов до Ставрески и Груевски со ставот дека на Македонија и е потребен валутен борд и влада на широка коалиција менаџирана од странство со цел да се избегне економски крах на земјата и шири песимизам, дефетизам, апатија и предлага политичка амнестија на ВМРО-ДПМНЕ?!

Треба исто така да се спомене и дека Геро е промоторот на опасната теза за федерализација која Груевски и режимската пропаганда ја искористија во нивна полза по собраниски говорници и по куртон порталите на Латас и Протуѓер, теза која СДСМ и опозицијата дебело ја плаќаат по медиумите, и сега поради оваа теза јавноста мисли дека Заев уствари прави анти државно сценарио за децентрализација  на земјата па затоа се бори за договорот од Пржино и затоа ги менува министрите на Груевски со помош на странците а не дека тие се фатени живи во криминалот и незаконски прислушкување на преку 20.000 македонски граѓани.

Значи во време на автократска власт кога сите системи се узурпирани од мафија наречена влада Геро одбива соработка со опозициски уредници нарекувајќи ја таа соработка куртонски начин на работа?! Колку афери открил ,,Слободен Печат” и ,,Плусинфо” ?! Зошто на пример новинарите на Геро не откриваат афери туку одат по министерствата, земаат изјави, дремат таму како фикуси и се враќаат и само обработуваат изјави на министри и заменици министри?! Очигледно е дека се што ќе научат од неговата школа е ароганција, суета и како да се продаваат на Сител за 200 евра месечно како ученичето на Геро од Менада Љупче Златев.

Да се потсетиме на тоа кога Геро на увце шепотеше со Илија Димовски во собранието по 24-ти Декември за време на сослушувањето на новинарите за медиумите, потоа да се потсетиме на неговите фалби дека се гушкал со Пешевски и тоа дека со Дневник го донел Груевски на власт?! Ете му весник кој има преку 9.000 примероци па што не открие некоја афера и што не го сруши Груевски па и ние “неписмените и без прочитани книги” со помалите портали да го следиме неговиот професионален пример ?! Што е всушност советот на Геро изминатите 2 години ако не обично политичко харикири на опозицијата?!

Ова е само дел од низата на панични испади и етикети на неистомисленици од уредникот на ,,Слободен Печат” и ,,Плусинфо” за кои бев приморан да ги објавам на мојот портал како мој личен став бидејќи “демократските погледи” на Геро отидоа до таму што се закани со трајно блокирање кое што заканување секако го користи за поентирање, неговиот збор да биде последен а јас еве одлучив да го напишам мојот став за “превентивните мерки” на Геро кон опозицијата и да не ја хранам неговата суета и неговото празнење на неговиот профил на фејсбук бидејќи последните години Геро очигледно поради годините е претворен во чудовиште. здивосано и подло полно со его.

Овие ставови на Геро не се никаква новост и се општо познати на јавноста и на неговите читатели, но останува фактот дека секој кој аргументирано ќе ги раскринка неговите ставови полни со дефетизам и хистерија веднаш ги прогласува за непријатели на опозицијата или во случајот со разговорот на фејсбук со мене бев етикетиран како неписмен, без прочитани книги и сум бил спамер, кои етикети секако не се точни бидејќи јас неможам да го продолжам факултетот од финансиски и фамилијарни причини, а читам онолку колку ќе ми се даде време и можност, сосема доволно за да можам да ги раскринкам неговите “превентивни” мерки . Па затоа сум јас уредник на помал интернет портал кој е соодветен со моето искуство и образование.

Секако тука спаѓа и тоа негово ламентирање дека мене никој не ме трпел во Бихаќка бидејќи според него сум немал квалификација за полемика со него околу политика и поради тоа опозицијата трпела огромна штета. Имено затоа пак по се изгледа дека новинарската и режимска булументата произлезена од неговата школа како што се Марјан Ранду, Љупче Златев и други имаат квалификации за полемика околу политика со него, па еве на пример да го споменеме времето кога беше повикан владиниот експерт за црна медиумска пропаганда Илија Димовски да држи лекции за медиуми во Менада 😀

Не сите како Геро имаат големо куче кое што чини преку 3.000 денари месечно човек да го храни и да го одржува, не сите имаат по неколку станови во Скопје, не сите можат да скијаат секоја година, не сите имаат имот на Матка, не сите можат како Геро да прават медиум со туѓи пари како што беа Време, Коха Ере, Шпиц и сега Слободен Печат и Плусинфо за да види како тој проект ќе оди или нема да оди туку Геро тоа го направи со пари од грантови на СОРОС и пари на Велија.

Геро мора и треба да знае дека јас лично немам намера да го маргинализирам неговото искуство во медиумите но сепак треба да знае дека неговите совети за опозицијата се еден вид геноцид за кој Груевски очајно има потреба.

Пишува : Рубин Иваноски, главен и одговорен уредник на порталот Народен Глас (начитан и со соодветно образование)