ГЕРО НА НАРАЧАТЕЛИТЕ НА ФЛАЕРИТЕ СО ЦРНА ПРОПАГАНДА ИМ ЕБА МАЈКАТА : Илија, а со што друго да се хранат кретени, освен со полови органи?

0
1033

Слушам дека пратеникот Илија Димовски се пожалил поради тоа што во моите коментари на Фејсбук со машки полови органи сум го „хранел“ нарачателот на идиотските флаери, со кои ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните да се пресметаат со „предавниците“. Водечка позиција во овие флаери е резервирана за моето име и за мојата фотографија.

Жал ми е што Димовски се почувствувал погоден, но нему, како на долгогодишен директор на Центарот за комуникации на неговата партија, треба да му е јасно дека комуникацијата меѓу изворот и реципиентот е можна само ако се обезбеди нормален комуникациски канал. Долго размислував како да одговорам на овие потерници од ВМРО-ДПМНЕ и одлучив дека е најсоодветно да одговорам на ист начин како што би одговорил Груевски, кога јас би отпечатил и дистрибуирал потерници со кои би ја повикувал баграта од партиските фаланги да се пресметаат со таткото на малата Анастазија Груевска, врсничка на мојата Искра. Никола Груевски би ме уапсил без да му трепне окото. Јас не можам и не сакам да го уапсам, но имам морално право да ја пцујам неговата партија, која се потпишала како нарачател на овие потерници.

Единствениот разбирлив јазик за разговор за кретените од ВМРО-ДПМНЕ, за ова зло што им го прават на нас и на нашите деца, чие движење по улица сега веќе е небезбедно, е јазикот со кој им се обраќам. Затоа, ве повикувам сите да ми се придружите на Фејсбук, заеднички највулгарно да ги „храниме“ кретените со ДПМНЕ со полови органи и со сè друго што ќе ги усреќи и ќе им помогне да разберат што прават и до каде ќе стасаат.

Пишува : Бранко Героски