Вчера издадени потврди на 3.752 мигранти

0
1692

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 3.752 мигранти.

Според државјанството на лицата на кои им биле издадени вакви документи, 1.891 мигрант се со потекло од Сирија, 779 од Авганистан, а 1.082 лица се од Ирак.

Од 19 јуни, кога беа направени измените во Законот за азил и привремена заштита, поради мигрантската криза, заклучно со вчера, низ земјава поминале вкупно 388.233 мигранти, од кои најголемиот број, односно 216.157 лица се сириски државјани.