Вработените во Карфур си ги бараат платите

0
1081

Сопствениците на Карфур, освен на деловните соработници, им должат пари и на вработените, информира Телма.

Педесетина вработени во маркетот во Скопје утринава се собраа за да си ги побараат неисплатените плати и придонеси за ноември, декември и јануари.

Не сакаа да зборуваат јавно, но зад камерата ни кажаа дека не можат да стапат во контакт ниту со менаџерскиот тим од Македонија, ниту со грчките сопственици. Според податоците до кои дојде Телма, компанијата уште од отворањето на маркетот работела со загуби, кои  во 2013 и 2014 година достигнале над 3,2 милиони евра.

(…)

Телма, од Управата за јавни приходи побара одговор дали се утврдени неправилности во работењето на ЦМБ Балканс и колкав е долгот на компанијата кон државата, но од таму ни рекоа дека не смеат да соопштуваат детали.

– Управата за јавни приходи го следи и контролира даночното работење на сите субјекти (даночни обврзници) во рамките на своите надлежностите, вклучувајќи го и посочениот субјект. Документите, информациите, податоците или други факти поврзани со даночната постапка кај одреден даночен обврзник имаат третман на даночна тајна, се вели во соопштението на УЈП.

Од компанијата која ја поседува франшизата Карфур за Македонија за сега не се достапни за коментар. Како нејзини сопственици се јавуваат две физички лица од Грција.

текстот во целост прочитајте го ОВДЕ