Во сабота 46-иот протест на исклучените од Топлификација

0
850

Во сабота на 30. 01. 2016, на вообичаено место и време, кај Триумфалната порта, со почеток во 12 часот ќе се одржи 46-иот протест на исклучените од Топлификација.

„На протестот кој ќе се одржи оваа сабота ќе  стане збор за судењата кои се во тек пред Основниот суд Скопје 2. Судот масовно ги осудува исклучените од Топлификација да плаќаат огромни суми за ништо. Некои судии тоа го образложуваат со потребата да се „ воспостави ред ” и тврдат дека било „ многу лошо ” што има исклучени и дека исклучените треба да се присилат на повторно приклучување. Ова се тажни моменти за судството во Македонија, затоа на протестот во сабота ќе се зборува за судења кои се во тек.

Во „ Бомбата 45″, која ќе биде прочитана на протестот, ќе биде обелоденето какви односи постоеле помеѓу Топфиликација и поедини вршители на високи јавни функции. Ќе бидат обелоденети докази дека таткото на еден министер, работел во ТЕ-ТО“, стои во соопштението за протестот.