Во месните одбори на ВМРО-ДПМНЕ владее масовна нетрпеливост

0
1046
Во месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ деновиве буквално врие поради незадоволството на членовите, се прават петиции за бојкот на работата во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за април 2016 година.
Приврзаници на ДПМНЕ од месниот комитет МИЧУРИН, кој се смета за еден од бастионите, побарале исписница од партијата, меѓу кои голем дел се од женското лоби. Внатрепартиски информации од ДПМНЕ велат дека за овие крупни проблеми знаат и во централниот комитет. Официјално, пак, никој од повисокото раководство не сакаше да го коментира ова.
Слична е состојбата и во другите комитети низ Скопје, при што моментално расколот е најголем во општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар.
Меѓу членството на ДПМНЕ се повеќе се зборува дека никој не сака да биде дел од криминалите кои ги направила врхушката на партијата, најосомничен е Никола Груевски и неговите најблиски соработници.
ВМРО-ДПМНЕ се обидува да се потпре на поранешни функционери на партијата, пратеници и советници  имаат наредба, по секоја цена, својот кредибилитет треба да го вложат во мобилизирање и во привлекување нови, неопределени граѓани.
Доказ