Во Могила тајно се прават списоци за исплата на задоцнети субвенции

0
1001

Продолжува агонијата на земјоделците од бесрамното лажење и цинизам на власта.

Од  сознанија од теренот ,најголеми злоупотреби се направени 2012 година каде не се исплаќани по еден или по два квартали особено во сточарството и таму се најголеми злоупотреби бидејќи се даваат по 5 решенија во текот на годината,4 за млеко и 1 за пријавени грла добиток .Тој тренд продолжува и во 2013год. Со големи каснења и неисплати на 1-2 решенија а најдрастично во 2014 година каде пола од субвенциите не се исплатени а да не зборуваме за 2015година каде немаат исплатено нити една рата.

Им порачуваме:Исплатете ни ги задоцнетите субвенции за 2014 година!

Ако се има во предвид дека во цената на чинење на еден  литар млеко трошоците за храна учевствуваат од 50%-60% и кога ќе се стават останатите трошоци,заработувачката односно добивката од одгледувањето намолзни крави е минимално и ако се има во предвид ниската цена оваа година на фармерот му останува работата и затоа се повеќе сенамалува сточниот фонд кој тренд ќе продолжи со истото темпо и во наредниот период се додекане се превземат одредени мерки не само во делот на субвенционирањето туку и во делот на одредени олеснителни мерки во делот на финансирање.

Нема да дозволиме во нечии списоци да стојат имиња на земјоделци,домаќини кои си го бараат своето а власта да ги искористи во политички цели.Земјоделците ги барате само пред избори,тогаш  им ветувате и брда и долини. Пак лажите и манипулирате.

Тоа што го правите во о.Могила,тие списоци кои вечервава ги правевте да ги доставите во министертво за земјоделство а не во партиските штабови на ВМРО-ДПМНЕ  и нивната лепенка,социјалистичката партија.

Субвенциите за сточарите за 2014 и 2015 година да ги доисплатите уште утре и за сите,без разлика на нивната политичка припадност.

Јасмина Гулевска-претседател на ОО СДСМ Могила