Во Македонија годишно меѓу 600 и 2 илјади смртни случаи поради лекарски грешки?!

0
1019

Нема официјални податоци колку смртни случаи годишно има во Македонија како резултат на лекарски грешки. Се шпекулира дека се меѓу 600 – 2.000 годишно, што е повеќе од бројот на жртвите од сообраќајни несреќи во државава како и од починатите од природна смрт, пишува Утрински весник.

„Тоа се алармантни податоци кои, за жал, се кријат од јавноста од страна на надлежните, пред се’ од Министерството за здравство. Доколку би постоеле транспарентни и јавни извештаи во извесна мера не би се повторувале исти лекарски грешки. Тие не се секогаш последица на индивидуални пропусти, каков што беше неодамнешниот случај со починатата родилка и нејзиното бебе во гевгелиската болница. Туку постојат и многу системски пропусти“, вели д-р Владимир Лазаревик од „Хелтгрупер“, истражувачка организација за реформи во разни области во здравството.

Тој посочува дека светските статистики покажуваат дека медицински грешки, со кобни последици за пациентите, се случуваат секаде, и во најразвиените земји. Па, и Македонија, за жал, не е исклучок. Но, дека тоа во никој случај не значи дека не треба да се превенираат состојбите, а докторските грешки да се кријат од јавноста.

Целиот текст ОВДЕ