Вечерва на Алсат- М: ЕКСКЛУЗИВНА сторија за дел од луѓето од фалсификуваните лични карти

0
999

Во вечерашново издание на емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М продолжува истражувањето и анализирањето на случајот со лажните лични карти што го обелодени неделникот „Фокус“.

„Донесуваме ЕКСКЛУЗИВНА ВИДЕО-СТОРИЈА за дел од луѓето чии идентитети се користени во фалсификуваните лични карти, а се видливи на фотографиите што ги објави „Фокус“. Ќе слушнете и видите крајно индикативни автентични сведочења. Теренското истражување на „360 степени“ уште повеќе ги засилува сомневањата дека овие лични карти, најверојатно, се користени за изборни манипулации.

Имаме и мини-интервју со потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој по ланското гласање во дијаспората директно го впери прстот кон МВР, како издавач на вакви лични карти. И вечерва ќе објавиме нова „Саботажа“.

Гледајте „360 степени“ од 22:30 часот на ТВ Алсат-М“, најавуваат од Алсат-М.