Ванхауте: Сите партии доставија нови амандмани за законот за медиуми

0
919

Работните групи на политичките партии за реформи во медиумите денеска ќе се обидат да се доближат по овие прашања. Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте пред почетокот на средбата во Клубот на пратеници рече дека се надева на напредок.

– Сите партии доставија нови амандмани и денеска ќе разговараме за тоа. Јас мислам дека е добро што сите се согласија на средбата и што сите доставија амандмани – рече белгискиот олеснувач.

Ванхауте додаде дека некои од амандманите се за членови од законот кои досега не биле предмет на разговор.

Последна средба на работните групи се одржа во четвртокот, а преговорите беа закочени од петокот до денеска, откако на билатералните средби со белгискиот олеснуваач Питер Ванхауте, преговарачите му ги повториле црвените линии од кои немаат намера да отстапат.