Ванхауте: Не е добра идејата целосно да се копира закон за медиуми од европските земји затоа што вие имате различен менталитет

0
915

Посредникот Питер Ван Хауте ги повика политичките партии да постигнат што е можно поскоро компромис за регулација на медумската сфера. Потребен е вели нов Закон за медиуми кој нема да биде копија на законодаството од друга земја, пренесува Телма

-Не е добра идејата да се копира од европските земји и да се земаат закони од нив затоа што вие имате различен правен систем, друг устав, друг менталитет. Вашите медиуми не може да се споредуваат со медиумите во другите земји. Затоа ве молам обидете се да го искористите она што го имате и да го подобрите тоа, изјави Питер Ван Хауте – медијатор во преговорите.

Пред почетокот на средбата Вмро Дпмне го отфрли предлог законот за медиуми поднесен од СДСМ. Сметаат дека се работи за фрапантно лош закон кој е спротивен на Уставот.

За Вмро Дпмне постоечкиот закон за медиуми е добра основа за регулација на медиумите. Доколку Сдсм тоа не го прифати тие се подготвени да им понудат да ги пресликаат законите од земјите од ЕУ кои ја уредуваат оваа сфера. СДСМ не отстапува. Понудениот предлог закон за нив е црвената линија.

И дел од новинарските здруженија се на различни позиции. ЗНМ ги подржува предлозите на Ван Хауте кои се инкорпорирани во законот поднесен од опзицијата додека ММА И МАН тврдат дека постоечкиот закон е солидна основа а доколку се вршат измени тоа д абиде во длеот на казнената политика преку намалување на глобите како и да се регулираат авторските права на телевизиите во однос на кебелските оператори.