ВОЈНА ВО ДУИ: Ермира Мехмети распали со тешко оружје против Артан Груби – Тој е насилник и корумпиран до коска!

0
1088

Пратеничката на ДУИ Ермира Мехмети упати тешки зборови против сопартиецот Артан Груби, нарекувајќи го „хулиган и потикнувач на конфликти” и како еден од виновниците за намалување на надлежностите и авторитетот на Али Ахмети, претседателот на ДУИ.

Ова не е првпат Мехмети да упатува критики за работата на нејзината партија ДУИ. Таа пред неколку емсеци најави дека ќе ја напушти партијата ако не види дека во ДУИ се почнати сериозни длабоки реформи.

Во последниот, денешен нејзин пост на Фексбук, Ермира Мехмети напиша дека членови на партијата веќе ја почнале кампањата против неа, обидувајќи се да ја замолчат и да ја дискредитираат.

„За жал нема ништо од реформите во ДУИ. Тоа е нормално кога корумпирани членови и губитници го уриваат и кредибилитетот на лидерот. За едно нешто немам никакви дилеми, а тоа е дека губењето на авторитетот на Ахмети и на партијата почна кога во структурите на ДУИ високо беше лансиран господинот Селфи, хулиганот кој може само да потикнува конфликти, без разлика дали е тоа на стадион или кога носи наметка на политичар“, напиша на Фејсбук Мехмети.

Дознаваме дека причина за овој пост било прашање на Алсат М до Ермира, зошто ветувањето на ДУИ дека ќе отворат паралелка на Албански во Радишани не е исполнето. Она ги упатила на Артан, пошто е он пратеник од Втората Изборна Единица (она е од првата) а потоа го постирала мислењето за Груби на фејсбук.

Можно е директна причина за овој револт кај Ермира да е се поголемата моќ на Артан како шеф на кабинет на Ахмети, нешто слично што во ДПМНЕ  Мартин Протуѓер, т.н мистер Ендек.