ВМРО-ДПМНЕ почнаа да кемкаат и да плачат, ја прекинуваат соработката со посредникот Ванхауте

0
1239

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да престане да соработува со посредникот Питер Ван Хауте.

Одлуката се базира на неговите навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на партијата кои учествуваа во преговорите, како и континуираните омаловажувања кон народот и Република Македонија.

ВМРO-ДПМНЕ долго време го толерираше неговото несоодветно однесување, делумно и заради фактот што после секоја изречена навреда или омалуважување, Ван Хауте се извинуваше како маче. За жал веднаш по барањето да му биде простено, следеа нови испади и нови навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните.

Заради овие причини, ВМРО-ДПМНЕ веќе нема да учествува на состаноци на кои што ќе присуствува и Питер Ван Хауте. Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, Питер Ван Хауте од денеска е турист во земјава и може да му препорачаме да го посети Музејот на македонската револуционерна борба.