ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во манипулативно танго

0
1009

По 14 години од потпишувањето на Охридскиот договор, со кој беше ставен крај на конфликтот во Македонија во 2001 година, денес препораките за негово целосно спроведување ја креваат политичката температура во домашната јавност. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во тие препораки прочита „вовед во федерализација“, а опозициската СДСМ презентираше документ, според кој, нарачката на анализата на Охридскиот догововор има архивски печат од Владата и е потпишана од вицепремиерот за спроведување на Охридскиот договор, Муса Џафери, во име на Владата, што значи дека ништо не било направено без согласност и знаење на премиерот Груевски. Анализата чини 200.000 евра, а за нејзина реализација е ангажиран Питер Фејт од Европскиот институт за мир, пишува Дојче веле.

Владата не е нарачател

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ за медиумите изјавуваат дека Владата не е нарачател на анализата на Охридскиот договор, дека не била консултирана ниту за цената, ниту за ангажманот на Фејт, односно дека тоа на „своја рака“ го нарачал Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор.

На барање на Дојче веле, Владата да се изјасни за ваквите наводи на партијата, владиниот портпарол, Александар Георгиев кусо изјави: „Владата не е нарачател на посочената анализа“.

Од ДУИ на ваквото тврдење „одговорија“ со тотален молк. Портапролот на партијата, Бујар Османи сугерираше да се побара одговор од Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор, а од Секретаријат иако најавија одговор, сепак, се предомислија. Решија да молчат.

Со тоа јавноста остана без одговор чиј ракопис стои зад нарачаната анализа – владин или еднопартиски, при што молкот на ДУИ отвори многу сомнежи. Според аналитичарите, ваквиот однос укажува дека на повидок е уште една договорена игра меѓу владините коалициски партнери, за зголемување на нивниот рејтинг преку нова „одбрана“ на националните интереси, секој во својот табор.

„Неспроведувањето на Охридскиот договор им одговара и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, бидејќи со тоа овие две партии добиваат широк терен за фингирани меѓусебни несогласувања, преку кои се обидуваат да ја прикријат од своите гласачи неспорната љубов и согласност што постои меѓу нив кога е во прашање спроведувањето на рамковните тендерски договори“, вели аналитичарот Исен Салиу.

„Охридскиот договор не е усмен договор за да биде потребна анализа на неговото досегашно спроведување, туку напишан и потпишан на хартија со конкретни одредби и одговорности кои произлегуваат од него. Мислам дека со ставовите кои ги има во врска со последната анализа за Охридскиот договор, ДУИ сака да создаде лажен впечаток дека наводно се бори и се грижи за правата на Албанците, а ВМРО-ДПМНЕ спротивен впечаток – дека како партија ги штити Македонците од некои наводни неоправдани барања на Албанците. Ова нивно однесување можеби ќе создаде тензии кај наивни гласачи Албанци и Македонци, но убеден сум дека нема да создаде никакви пречки во натамошната тендерска љубов меѓу овие две партии“, оценува Салиу.

Целиот текст ОВДЕ