(ВИДО) OnePlus X – Убиец на телефони од висока класа, луксузна изработка, моќни спецификации и цена од само 249 долари

0
1169

„Убиецот на телефоните од високата класа“, како што популарно сакаат да го наречат кинескиот производител OnePlus, лансира нов модел, кој ќе биде делумно поевтин од OnePlus 2, но ќе има полуксузна изработка и попривлечен дизајн, со многу мало заостанување во перформансите.

Зошто заостанување? Наместо новиот Snapdragon 810, тука е вграден постариот модел 801. За оние кои бараат максимум перформанси, ова може да биде проблем, но Snapdragon 801 е и натаму моќен процесор, кој згора на тоа нема проблем со прегревање, како својот понов брат.

OPX_007-Black_Front_Bottom_02-980x653

Помогнат е од 3 GB рам меморија, што е рамо до рамо со најдобрите, а има и 16 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка, но со еден мал недостаток – корисникот може да избере или да стави една micro SD и една SIM картичка, односно две SIM картички, без можност за micro SD. Доколку планирате да користите две SIM картички, ова треба да го имате на ум.

Екранот ќе има големина од 5 инчи, што значи дека е помал од OnePlus 2. Резолуцијата е Full HD, а технологијата AMOLED, што значи дека може да очекувате длабоки бои и висок контраст. Всушност, новиот Oxygen OS скин, ставен над Android Lollipop 5.1.1, е специјално дизајниран за овој телефон и има црни менија и позадини, кои го истакнуваат контрастот на AMOLED дисплејот (црната тука е вистински црна), но штедат и на батерија, бидејќи ваквите дисплеи не трошат енергија во деловите каде прикажуваат црна боја

OPX_003-Black_Front_02-980x648

Кога сме кај батеријата, таа има задоволителни 2525 mAh, што би требало да биде доволно за користење на телефонот цел ден пред да треба да го наполните. Камерите се исто така солидни – задната има 13, додека предната има 8 мегапиксели.

Сепак, најголемиот адут на новиот OnePlus X, за разлика од „2-ката“ е дизајнот. Телефонот е дебел само 6,9 милиметри, има алуминиумска рамка од страните и стакло напред и назад. Ова можеби прави неодоливо да потсетува на iPhone 4S, односно новите Galaxy модели на Samsung, но со оглед на цената од само 249 долари, ова не би можеле да го земеме за зло, особено што и покрај тоа успева да изгледа посебно. А, да, достапен е и керамички модел и тоа само во Европа, а истиот чини високи 269 фунти (околу 370 долари). Овој модел ќе биде произведен во само 10.000 примероци, што го прави веројатно уште попривлечен.

OPX_005-Black_Right_02-980x653

И натаму, најголемиот проблем со телефоните на OnePlus е што мора да добиете покана ако сакате да го купите (особено за керамичкиот модел) и тоа ќе можете да го направите само онлајн.