(ВИДЕО) Шилегов: Уставниот суд ги потврди изборните измами на Груевски

0
1025

Со одлуката на петте партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд, Никола Груевски ја призна вината на своите најблиски соработници за изборните измами. Изборните грабежи и партизираните институции беа главните причини за политичката криза, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Дали ваквата одлука на Уставен суд се носи со намера да се заштити Никола Груевски?

Највисоки претставници на партијата на власт се веќе осомничени за злостроничко здружување за изборна измама. Потврдено и од Специјалното јавно обвинителство со покренатите постапки.

Очигледно дека некој во врвот на ВМРО-ДПМНЕ многу добро знае за што се покренати постапките.

Затоа Груевски мора да се изјасни дали тоа е правено по негов налог.

Затоа Никола Груевски се плаши од правдата.

Јавно предупредуваме дека СДСМ и граѓаните нема да дозволат на ваков начин ниту да се штити изборен криминал ниту да се превенира нечија намера за повторен изборен грабеж.

Во Македонија ќе има слободни, фер и демокартски избори, со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми.

Секој што го прекрши законот ќе одговара.