(ВИДЕО) Шекеринска во Бутел: Ќе ја укинеме радиодифузната такса и ќе ги ослободиме медиумите

0
984

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во придружба со членовите на Извршниот одбор Тања Ковачев и Јово Деспотовски и претседавачот на Централниот одбор на партијата, Диме Велковски денеска се помеѓу граѓаните на Општина Бутел.

Со граѓаните се разговараше за невработеноста и тешкиот секојдневен живот, проблемот со иселувањето на младите коишто бараат подобро утре надвор од земјава.

-Во секое семејство имаме по еден член којшто е заминат во потрага за подобар живот. Овде ние преживуваме, не живееме, велат револтирано граѓаните.

-Над 600 илјади граѓани се иселени од Македонија, пред се млади. Никој не бега од арно. Ние имаме решенија, имаме мерки во програмата, знаеме како да ги вратиме младите дома, во своите огништа. За секој млад човек ќе обезбедиме иднина дома. Ќе ги поддржиме домашните претпријатија за отворање на нови работни места и ќе стимулираме проекти за вработување на младите. Вработените да имаат вкупен доход од 29.000 денари, рече Шекеринска.

-Целта на нашата Програма којашто ја работевме заедно со граѓаните е да ги промениме работите во државата. Тоа ќе го направиме заедно со вас, заклучи Шекеринска.

-И додека граѓаните едвај крпат крај со крај, провладините медиуми, преплатени со наши пари, ни ја прикажуваат Македонија како да е Швајцарија. 20 милиони евра чинат лагите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на провладините медиуми. Целта на СДСМ се слободни медиуми за слободни граѓани. Ќе ја укинеме радиодифузната такса и ќе ги ослободиме медиумите. СДСМ ќе им гарантира на новинарите слобода да истражуваат и да информираат, заштитени од притисоци, рече Шекеринска.

Шекеринска ја повтори позицијата на СДСМ дека без прочистен список и регулација на медиумите нема слободни, фер и демократски избори

– Не ни треба реприза на криминални избори. Ни требаат фер и демократски избори а тие нема да се случат на 24 април. Избори на 24 април нема да има, рече Шекеринска.