(ВИДЕО) Целото интервју на Зоран Заев во „Топ тема“ на Телма

0
1120

Ви го пренесуваме вечерашното интервју на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во „Топ тема“ на Телма.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека ќе се појави пред Анкетната комисија, откако најпрво премиерот Груевски јавно ќе сведочи. Тој ова го кажа во интервју за „Топ тема“ на „Телма“.

Одговарајќи на прашање за фалсификуваните лични карти, Заев потсети дека тие се издадени од 2009 до 2014 година и рече дека истрагата треба да потврди за која намена и за која цел се правени.

Тој потврди дека фотографијата со осомничениот е направена во неговата канцеларија, но напомена дека седи и разговара и со Груевски, кој исто така е осомничено лице.

Тој рече дека СДСМ прифатила и прифаќа се што предложил посердникот Питер Ванхауте во врска со преговорите за медиумите.

Заев рече дека материјалите од нелегалното прислушкување кои ги поседуваат ќе бидат доставени до Специјалното обвинителство кога ќе бидат исполнети условите за нивното безбедно чување.