(ВИДЕО) Хит на Интернет: Збунетиот Траволта

0
1054

zbunettravolta-540x320

Кога едноставно не знаете како да го нагласите она што го чувствувате, најлесен начин е со помош на т.н. графички променливи формати (ГИФ), кои станаа многу популарни во последните неколку години.

Моментно најбаран е „Збунетиот Траволта“, ГИФ од култниот филм „Палп Фикшн““ од 1994 година, во кој Траволта се наоѓа во продавница за играчки.

– Ја прашав ќерка ми што сака за Божик? Ми рече дека сака кукла, стои во описот на ГИФ-от. Не е чудно што Траволта остана збунет, затоа што има повеќе од илјада играчки и речиси е невозможно да се избере „вистинската“, изјави авторот на овој ГИФ.

Токму тој прв „збунет Траволта“ за само неколу дена собра речиси три милиони прегледи и се прошири и прилагоди на секоја збунувачка ситуација.

Покрај тоа, објавени се и инструкции како да направите своја верзија на „збунет Траволта“.

https://www.youtube.com/watch?v=fbQqVoNQDsw