(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА : НИЕ, ГРАЃАНИТЕ, ЗАСЛУЖУВАМЕ ПОДОБРО!

0
1420

12066059_10207238615616228_3154592941956728199_n 

Заслужуваме подобро! е граѓанска акција во која ние, граѓаните, зборуваме за нашите секојдневни проблеми и за нашата итна потреба од подобар живот. Ние веруваме во капацитетите на ова општество, во разумот на граѓаните и тргнувајќи од нашите права и потреби бараме итна промена на начинот на управување со државата во правец на обезбедување подобра живејачка и подобри услови во нашите градови и села.

Ние, граѓаните, имаме право гласно и јавно да зборуваме за политиката, зашто нашиот живот и нашето секојдневие се политика. Нашиот глас е важен секој ден, а не само на денот на избори.

Власта треба да одговара на нашите потреби и прашања без разлика дали ја поддржуваме или не. Политиката ни припаѓа нам, на граѓаните и имаме право да ја критикуваме власта и од неа да бараме да биде подобра или да си замине.

Оваа наша иницијатива се темели на теренски разговори и директна комуникација со граѓаните, а ја спроведуваат повеќе од 200 граѓански активисти од 70-тина граѓански организации во 30-тина поголеми населени места во Република Македонија.

Бараме подобро бидејќи заслужуваме подобро!

На пример, граѓаните и граѓанките на Прилеп навистина заслужуваат подобро здравство. Здравство кое ќе ги лекува, а не да ги заразува! Прилепчани заслужуваат подобра болница,  опремена со техника, доктори, специјалисти по сите светски стандарди. Сите сме свесни за лошата и загрижувачка состојба во која се наоѓа прилепската болница. Граѓаните на Прилеп бараат подобра здравствена заштита!

Иселувањето на младите поради малите шанси да најдат работен ангажман, е хроничен проблем на градот. Младите во Прилеп заслужуваат подобро! Заслужуваат шанса да останат и да работат дома!

Иницијативата „Заслужуваме подобро“ ја темелиме на 6 основни столбови, или сегменти од граѓанското живеење, а тоа се :

ЗАСЛУЖУВАМЕ ПОВЕЌЕ ОД ПАРЧЕ ЛЕБ!

Во последните пет години трошоците за живот се зголемиле за 2.984 денари, а просечната плата се зголемила само за 407 денари!

Бараме влада која ќе обезбеди подобра живејачка! Имаме право да бараме државата да обезбеди „социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот“, онака како што пишува во преамбулата на Уставот. Не заслужуваме власт која ги задолжува нашите деца и внуци. Не заслужуваме власт која неодговорно троши на чоколада, кога немаме ни за леб. Затоа, бараме власт која нема да троши на луксуз, туку ќе се бори против немаштијата.

12187747_10207238617576277_9020173797532654267_n (1) 12187747_10207238617576277_9020173797532654267_n 12189652_10207238619176317_8563838795206259795_n 12190016_10207238613856184_652003556125352116_n 12190112_10207238613816183_7374126973527012990_n 12191775_10207238615656229_991364918740492449_n 12195916_10207238618816308_4937098267554010281_n 12047087_10207238615776232_739571194947438167_n 12049199_10207238617456274_9182699794377900905_n 12063790_10207238620216343_1666654589186717558_n 12065632_10207238617376272_6520792477685358506_n