(ВИДЕО) Стојановска: Искажуваме револт кон понижувачкиот статус на здравствените работници и соработници

0
1089

emilija-stojanovska-685x320

Докторката на дигестивна хирургија, Емилија Стојановска на денешниот протест на здравствените работници го изрази револтот кон понижиувачкиот статус на здравствените работници и соработници, како и против хајката против младите доктори за кои се вели дека се недоволно едуцирани и корумпирани, пренесува А1он.

– Сакаме да го искажеме својот револт кон понижувачкиот статус на здравствените работници и здравствените соработници, статус кој е резултат на долгорочните политики во здравството кои доведоа до омаловажување и деградирање на здравствените работници и соработници. Невидената хајка против младите доктори како недоволно едуцирани, корумпирани, неодговорни и непријателски настроени кон пациентите се директно вперување прст кон нив како главни виновници за несаканиот исказ од лекувањето на пациентот, рече Стојановска.

Таа изрази поддршка и желба за побрзо оздравување на докторот Љубомиир Огњеновиќ, и кажа дека и покрај немилиот наста, тие уште посплотено ќе работат за доброто на пациентите.

– Сакам да кажам дека со овој собир сакаме да ја изразиме нашата поддршка на доктор Љубомир Огњеновиќ и нашите желби за побрзо оздравување и враќање на работните задачи. Би сакале да истакнеме дека овие денови сите сме со него и се чувствуваме погодени и повредени со страв и со душевна болка. Но истовремено сигурни сме дека доктор Љубомир Огњеновиќ брзо ќе се опорави и ќе продолжи како и досега со својата хуманост и значење да им помага на пациентите. Со верба во него, веруваме и во себе дека заеднички ќе ги надминеме овие моменти и уште посплотени ќе продолжиме со нашата хумана мисија. Во оваа прилика сакаме да укажеме дека секогаш сме биле во служба на пациентите на штета на нашите најблиски и во ниеден момент, па ни сега во тоа нема да има дилема. Затоа јавно истакнуваме, пациенти, ние сме со вас, ние не сме против вас, истакна Стојановска.

Видеото ОВДЕ