(ВИДЕО) Спасовски: Утврдено е дека личните карти се фалсификат, а украден е идентитетот на 90 граѓани

0
960

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, потврди дека се фалсификат личните карти доставени до Министерството од страна на новинарот на неделникот „Фокус“. До Министерството, рече тој, се доставени 105 примероци и од нив е утврдено дека на над 90 граѓани им е укратен идентитетот. Истрагата, посочи, треба да покаже кој ги фалсификувал исправите, за која цел, кој дала наредба и дали биле искористени во изборниот процес.

-Истрагата ја води Јавното обвинителство согласно законските прописи не МВР. Во МВР беше пријавено дека постои индиција за фалсификување лични карти. Се работи на истрагата на наредбите кои ги дава јавниот обвинител. За сега првичното вештачење е завршено и е утврдено дека хартијата е фалсификат и дека од тие 105 примероци на 90 луѓе им е украден идентитетот. Се однесува на граѓани од Куманово, Кичево, Штип, Гостивар. Врз основа на наредбата на јавниот обвинител се вршат проверки во ДИК и во Завод за статистика да видиме дали биле употебени и дали се користени за други цели. Најважно е да имаме квалитетна истрага која ќе даде одговор на прашањето кој ги фалсификувал, зошто, под чија наредба. Ние дознавме за аферата од проектот „Вистина за македонија“. Во неколку разговори се насочуваше дека се издаваат лични карти. Ова не е нешто ново што пред неколку дена сме го дознале – рече Спасовски одговарајќи на прашање од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Пратеникот рече дека не му било одговорено кога министерот очекува да добие детали од истрагата кои ќе може да и ги соопшти на јавноста за да се тргне, како што рече, сомнежот и шпекулацијата за наводно фалсификување на лични карти и наводни манипалции во изборниот процес.

Личните карти се фалсификат, се проверува каде се злоупотребени

Posted by Oliver Spasovski on Monday, November 30, 2015