(ВИДЕО) СДММ: Лицемерно, пред избори, Груевски краде проекти од СДСМ

0
1217

D.Kaevski-640x320

„После 10 години, предизборно и лицемерно, Никола Груевски доцна се сети на студентите.

Соочен со страв од изборен пораз, после три години игнорирање на барањето за бесплатен превоз и целосна негрижа за студентите Никола Груевски вклучил црвен аларм“, рече на денешната прес конференција, Дарко Каевски, потпретседател на СДММ.

„Човекот што потроши 600 илјади евра да се вози во луксузен мерцедес, лицемерно им ветува бесплатен превоз на студентите.

Без идеи и без резултати, Никола Груевски очигледно добро ја прочитал програмата и платформата на СДСМ па предизборно решил да краде идеи и проекти од СДСМ.

Затоа, ова е уште еден пораз на Груевски после три години негово инаетење.

Поминаа 10 години а Никола Груевски не изгради ниту еден студентски дом. Како што самиот призна, 10 години барал локација.

Но, затоа Никола Груевски го изгради ова луксузно партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ вредно милиони евра.

Наместо подобрување на условите за студентите, за Никола Груевски приоритет беше неговото луксузно партиско седиште. Само за уредување на дворот на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ се потрошија над 1 милион евра.

Ако сака навистина да покаже грижа, Груевски сега нека го отстапи партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ за студетски дом и нека ги покани медиумите да видат што е луксуз.

Се друго е лажно лицемерие. Доцна е за Никола Груевски. Студетните, младите, граѓаните не му веруваат. Сите го чекаат неговото заминување.

Подобрувањето на студентскиот стандард и условите за живот на студентите ќе го спроведе владата предводена од СДСМ по 24- ти април“, изјави Дарко Каевски.