(ВИДЕО) Роберт Поповски: СДСМ достави предлог за регулација на медиумите

0
982

Нашиот став е јасен и прецизен. Ние предложивме законска форма во којашто ги дефиниравме и потврдивме нашите позиции. Таа се базира врз предлогот на меѓународната заедница којшто е во согласност со сите оние размислувања на опозицијата и на огромен процент од медиумската заедница, новинарскиот еснаф и сите оние луѓе коишто работат во оваа професија, во интерес на граѓаните на Република Македонија, изјави вечерва Роберт Поповски од преговарачкиот тим на СДСМ.

– Опозицијата нема да отстапи од регулацијата на медиумите што ќе значи можност за граѓаните да добијат објективна слика за тоа каква е состојбата во државата. И тоа е црвената линија која дефинитивно е во интерес на регуларни и фер избори, но и во интерес на демократскиот амбиент мора да се испочитува и тоа е она што единствено може да ја носи Република Македонија напред во медиумската сфера – додаде тој.