(ВИДЕО) Роберт Димовски: Ме ограбија „Македонски шуми“, ги зедоа и продадоа моите дрва, мене ме тужат

0
1016

Скопјанецот Роберт Димовски за „А1он“ вели дека бил „ограбен“ во 2013 година кога шумската полиција, без претходно известување му ги одзела исечените дрва и покрај дозволата за сеча на сопствена парцела во велешкото село Нежилово.

Од тогаш па до денес, Димовски се тужи со јавното претпријатие „Македонски шуми“. Како што вели, околу неговото земјиште воопшто и нема државно земјиште, туку тоа се приватни имоти. Според него, „Македонски шуми“ вршат притисок на приватните сопственици да се откажат од земјиштето, се со цел да го присвои државата, а потоа да се образложи на суд дека Димовски со сечата влегол во државно земјиште.

Димовски додава дека земјиштето од каде тој сечел датира во неговата фамилија од 1954 година, а од тогаш до сега е префрлано на поколенијата, со што во 2011 година и самиот станал негов сопственик.

– Нема државно земјиште, тоа е лично моја сопственост. Во имотниот лист пишува дека сум сопственик на 37,375 метри квадратни. Имам одобрение од приватна фирма за маркирање на дрва, за дрвена маса од 800 кубика, објаснува тој.

Целата сторија ОВДЕ