ВИДЕО: Раководството на МРТва, кое го бакнува Грујо од испод папокот со години го презентира Етичкиот кодекс

0
1174

Раководството на Македонската радио телевизија (МРТ) пред новинарите и креативниот кадар на куќата го презентираше Етичкиот кодекс на јавниот сервис. На состанокот, кој беше отворен за јавноста, присуствуваа претставници на Здружението на новинари (ЗНМ), Македонската асоцијација на ноавинари (МАН), Агенцијата за медиуми, посредникот во преговорите за реформи во медиумската сфера Питер Ванхауте, но на Телма не и беше дозволено снимање со камера, пренесува „Телма“.

Главниот и одговорен уредник на Телевизијата Диме Ратајкоски рече дека во Кодексот се прифатени речиси 90 отсто од забелешките на ЗНМ. Директорот Марјан Цветковски  нагласи дека целта е да се унапреди работата на целата куќа, а за пример е земен кодексот на Хрватската радио телевизија. Новинарите од информативната програма беа присутни во помал број. Некои реагираа дека при изработката на Кодексот, не се слушнати пошироки мислења. Имаше и реакции дека се експлоатира трудот на новинарите, а дека е апсурдно што нивниот број е помал од тој на уредниците.

Од ЗНМ беше истакнато дека раководството на МРТ направи обид со Кодексот да се решаваат и прашањата од етичка природа и на работната дисциплина, што може да се претвори во казнување па и отказ од работа заради новинарски ставови. И од МАН се согласуваат финансирањето да се реши со издвојување на еден процент од државниот буџет. Директорот на МРТ треба да биде менаџер, а не избраник од партија, додека главните и одговорни уредници да ги избира Програмскиот совет со двотретинско мнозинство. За да се избегне влијанието на партиите, ЗНМ бара во овој Совет мнозинството да бидат претставници на граѓанскиот сектор. ЗНМ категорично ќе се бори партиите да немаат решавачки збор.

Мене му беше понудено да поддржиме политичко решение, партии да именуваат и да разрешуваат, но ние не само што нема тоа да го прифатиме, туку ќе сториме се` да се спротивставиме. Тоа е апсуредно, Европската комисија да вели дека МРТ и регулаторот се партизирани  и наместо департизација, партиите се залагаат за дополнителна партизација на Јавниот сервис, ни` изјави Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Во Клубот на пратениците продолжија преговорите на работните групи на партиите за медиумски реформи. Како и вчера, и денеска се преговара за прашањето на државното рекламирање од јавен интерес во медиумите – дали тоа да оди само во Јавниот сервис или и во приватните медиуми, што би бил нивен дополнителен приход.

Видеото ОВДЕ