(ВИДЕО) Ордановски: Има сериозни услови изборите да се одложат за на есен

0
862

Кога се ВМРО-ДПМНЕ и Груевски во прашање, може да се смета на секакви изненадувања и непочитувања на рокови, договори, принципи, вели политичкиот аналитичар Сашо Ордановски. Според него, Груевски со сите сили се обидува да ги намали шансите за демократски избори.

– Еден ден добиен е помалку ден за демократската обнова на Македонија и секој ден што ќе го добијат, секоја недела што ќе ја земат од демократската обнова им ги зголемува шансите на некакви избори доколку се одржат во април. Затоа што јас мислам дека се создадени сериознни услови да тие избори се одложат за следната есен, вели Ордановски за „А1он“.

Ордановски вели дека и покрај сите валкани кампањи на премиерот, не верува дека странците ќе попуштат, бидејќи тие во моментот се занимаваат со многу поголеми „деспоти“ од Груевски.

– На него тоа му е јасно, и се обидува како мачките со ноктите да се задржи што повеќе, што подолго и што поцврсто за власта бидејќи знаеме дека првиот момент кога ќе си замине од власта неговата политичка кариера, а можеби и неговата правна кариера е завршена, вели тој.

Изјавата може да ја погледнете ОВДЕ