(ВИДЕО) Оној што вози Сеат во бомбите на Заев е награден со 700.000 евра за отворање нова куртон телевизија! Николовски: Од чистење на канали до нова телевизија: Kако Груевски го награди Кочан со близу 700.000 евра

0
1635

Изјава за медиуми на Љупчо Николовски,  дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Блиски соработници на Никола Груевски и фамилијата, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно Платежната агенција, добивале пари од Програмата за рурален развој.

За чистење на канали за одводнување и наводнување, покрај фирмата „Силекс Неметали“, којашто добила половина милион евра, и на фирмата „Трансмет“ и се исплаќаат  близу 700 000 евра за 2014год. Еве доказ .

Вистината за Македонија покажа како лично Никола Груевски, преку поранешниот директор на ЕЛЕМ, бара начин да се формира конзорциум како „Трансмет“ би добила можност да се јави на тендер.

Слушнавме како Груевски се трудеше да зборува во шифри за сопствениците на „Трансмет“, кога велеше „оној што има Сеат Ибица“, мислејќи на некој од фамилијата Кочан.

Како што го слушнавме во разговорите Груевски дава налог „И овие нека влезат во игра, да се задоволни сите“.  Очигледно тоа бил начинот да се скројат и сите тендери и директни плаќања од Агенцијата во износ од 41.197.836 денари за само една година.

Груевски не ги штедел парите на граѓаните особено кога се работело за задоволување на неговите луѓе, газди на медиуми.

Еден од нив,  новопечен газда на телевизија е токму Сеад Кочан. Неговата ТВ НОВА пред некој ден почна да зрачи, а според тоа колку во неа „инвестирал“ Груевски очигледно дека владината пропаганда доби засилување.

Уште еднаш се потврдува дека медиумскиот мрак, пропагандата и медиумските хајки се платени со пари на граѓаните.Сеад Кочан кој е сопственик и на Трансмет и на ТВ „Нова“ гледаме дека само во една година добил близу 700 000 евра буџетски пари.

Јавноста дозна дека и во Сител, Канал 5 и Алфа, во последните три години завршиле 13 милиони милиони евра, пари на граѓаните.

Во меѓувреме останува она што веќе се случи. Поплави од неисчистени канали  кои ги уништија посевите, направија штета од 5,3 милиони евра и го намалија домашното производство на храна. Затоа за поплавите не можеше да се види вистината на овие телевизии.

Ваквото недомаќинско работење и безмилосно трошење на народните пари мора да се спречи. Ќе продолжиме да ги откриваме сите злоупотреби во Министерството за земјоделство во интерес на граѓаните и земјоделците.

Одговорност мора да има и ќе има. Секој што го прекршил законот ќе одговара.